Го влече(ла) чашката: Српскиот селектор има нов прекар - Драган Стојковиќ – Виски!

Репрезентацијата на Србија синоќа убедливо загуби на гостувањето против Шпанија (0-3), по што незадоволните навивачи утринава жестокот го нападнаа селекторот Драган Стојковиќ.

Еден од најомразените српски тренери неодамна доби нов прекар од фановите, па наместо Пикси сега го викаат - Драган Стојковиќ – Виски. Шефот на српската репрезентација уште од Европското првенство е обвинет дека е алкохоличар, се потенцираше дека пијан ги водел натпреварите и во таква состојба доаѓал на прес-конференции, а сега го нарекоа по популарна алкохолна пијачка.

Иако загубија од актуелниот победник на Лигата на нации и европски првак и една од најсилните фудбалски селекции на светот, Србите се потсмеваат на нивната репрезентација.

„Ова не беше лошо - беше очајно“, пишува еден фан, додека друг додава: „Бевме добри до крајот на химната“.