Никој не може да сфати зошто Ливаковиќ доби црвен картон (ВИДЕО)

Освен шесте гола, дуелот меѓу Полска и Хрватска во Варшава го одбележа чудната одлука на главниот судија, во 76. минута да го исклучи голманот на гостинската репрезентација Доминик Ливаковиќ.

Чуварот на мрежата доби директен црвен картон поради тоа што го удри Роберт Левандовски, но сударот апсолутно не беше по негова вина. Ливаковиќ истрча далеку од својот гол за да расчисти една опасност, многу побрзо стигна до топката и по шутот, го удри фудбалерот на Барселона, но само затоа што не можеше да го избегне судирот бидејќи Левандовски влезе во него.

Чудно е како на целата ситуација не реагираше ВАР за што револт изразија и членовите на хрватскиот стручен штаб.