Историска победа за Париз, дебакл на Димитријевиќ и Олимпија Милано

Францускиот вицешампион Париз ја оствари првата победа во Евролигата во својата историја и тоа против актуелниот европски првак Панатинаикос.

Предводен од Ти Џеј Шортс, Париз славеше со 84-80 и го врати она што му беше одземено во првите два меча во елитното натпреварување во кои имаше убедлива предност, а сепак губеше. ПАО подобро го почна мечот, но домаќините ја презедоа контролата над резултатот на средина од првата четвртина и ја одржаа до крајот. Највисоката предност изнесуваше 16 разлика, во третата четвртина по што Панатинаикос не успеа да направи пресврт иако на седум секунди пред крајот се доближи на 80-83.

Шортс беше втор стрелец во својот тим со 16 поени, но и прв асистент со 7 додавања за индекс 17. 

Вториот македонски репрезентативец во Евролигата, Ненад Димитријевиќ со Олимпија Милано доживеа дебакл на гостувањето кај Олимпијакос со 68-89. Нашиот кошаркар се вклопи во сивилото на својот тим, постигна само шест поени, но без прв асистент со седум додавања, плус пет скока за индекс 12, втор највисок кај Олимпија Милано.

РЕЗУЛТАТИ
Асвел - Алба 84-79
Фенербахче - Црвена Звезда 57-76
Макаби - Анадолу Ефес 93-91
Олимпијакос - Милано 89-68
Басконија - Реал 76-72
Париз - Панатинаикос 84-80
Виртус - Жалгирис 68-71
Партизан - Баерн 86-78