Британски боксер направил хаос на аеродром во Ријад – скршил телефон на обожавател!
Тој бил многу лут додека минувал низ аеродромот по контроверзниот меч против Лијам Камерон, па се степал со обожавател, кој само сакал да се слика со боксерот.
„Немој да ме сликаш“, му викнал Витекер и потоа му го скршил телефонот.
Боксерот по инцидентот бил отстранет од аеродромот од обезбедувањето.
Неговата борба со Камерон заврши со невообичаено реми откако и двајцата боксери излегоа од рингот, а Витакер ја напушти арената во инвалидска количка откако го повреди зглобот по падот преку јажињата.