Англија го „прежали“ Гвардиола, сега има нов фаворит за селектор на „Гордиот Албион“!

Како бомба вчера одекна веста дека Пеп Гвардиола треба да ја преземе репрезентацијата на Англија, но возбудувањата брзо спласнаа откако дојде демант од таборот на тренерот на Манчестер Сити, од каде што тврдат дека тој ја одбил понудата.

Предводниците на англискиот фудбалер веднаш потоа најдоа нова опција, а како прв пик се споменува германскиот стручњак Томас Тухел, кој работеше во Борусија Дортмунд, ПСЖ, Баерн Минхен и Челси. Тој е слободен на пазарот од минатиот мај, кога доби отказ од Баварците и има големи шанси да ја прифати поканата на ФА. Официјална понуда се уште нема официјална понуда, но на Тухел му се даваат најголеми шанси пред Потер и Еди Хау.

Работите се забрзаа по поразот на Горди Албион од Грција, сегашниот вршител на должноста Карсли не беше на висината на задачата и треба да се врати во младинската селекција. Идејата е да се ангажира тренер со искуство во освојување трофеи, а Германецот има титули со ПСЖ и Баерн, како и Лигата на шампионите со Челси.