Словенија со евроголот на Млакар го победи Казахстан (ВИДЕО)

Селекцијата на Словенија запиша минимална победа над Казахстан во рамките од четвртото коло во „Б“ сегментот од Лигата на Нации.

Домаќините имаа неколку одлични прилики да го отворат резултатот, меѓутоа се тресеше нивната мрежа. Стрелец на голот беше Јан Млакар кој го постигна еден од најубавите голови сезонава во 55. минута од средбата.

Словенија беше многу подобар противник во второто полувреме, па на крајот може да се каже и дека заслужено славеше.