Ц. Звезда и Партизан направија скандал на турнир во Охрид поради – тимови од Косово!
Први ваквиот потег го направија челниците на Земун, а потоа и на Ц. Звезда, за која во генерацијата 2016 настапуваше и синот на поранешниот голман на оваа екипа, Милан Борјан. Според медиумите од северното соседство, српските клубови пред почетокот на турнирот побарале екипите Косово да не учествуваат, но организаторите не го испочитувале договорот.
Кога во полуфиналето требало да се соочат со екипи од за нив непризнаената земја, тие решија да ги повлечат своите тимови.