Играат во осма лига, а имаат четворица репрезентативци

Од Англија ни пристигнува една интересна информација за која е заслужен тимот на Лесинг чиј натпревар е одложен затоа што во составот имаат четворица репрезентативци.

И немаше да биде ништо необично ако тимот кој е со седиште во Западен Сасекс не се натпреваруваше во осмиот ранг на англискиот фудбал.

Двајца играчи на овој тим во моментот кога требаше да се игра натпреваорт беа одалечени 3.500 километри бидејќи ја претстауваа селекцијата на Домениканска република во рамките од Лигата на Нации на КОНМЕБОЛ.

Станува збор за фудбалерите Нури Скот и Лук Робинсон, додека фудбалерите Чарли Гибсон и Сем Бул имале обврски кон англиската репрезентација во мал фудбал на Светското првенство до 23 години кое се одржува во Хрватска.