Ѓоковиќ не го освои Шангај, но направи чекор кон пласман на Завршниот турнир

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со пласманот во финале на Мастерсот во Шангај направи чекор кон пласман на Завршниот турнир во Торино.

Ноле не успеа да ја освои 100. титула во кариерата, но освои 650 бодови со кои скокна до шестата позиција на листата на тенисери кои се борат за настап на Завршниот турнир.

Ѓоковиќ е на шестата позиција со 3.910 бодови, а зад него следат Каспер Руд со 3.795, Андреј Рубљев со 3.580 и Алекс Де Минор со 3.305 бода.