Ѓоковиќ: Синер беше пресилен за мене, честитки за титулата!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му го честиташе успехот на неговиот ривал Јаник Синер, кој славеше во финалето на мастерсот во Шангај со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 6-3.

Ѓоковиќ даваше голем отпор, но едноставно Синер ги искористи своите шанси и стигна до четврта победа на последните пет меча против Србинот.

„Честитки до Синер. Тој беше пресилен за мене, му честитам за титулата. Мило ми е што уште еднаш играв во Кина. Навивачите се одлични и секогаш ни даваат голема поддршка“, кажа Ѓоковиќ.