Преговорите започнале: Тухел станува селектор?

Германскиот стратег Томас Тухел би можел да биде нов селектор на Англија, објави германскиот весник, „Ди Велт“:

Според информациите на овој медиум преговорите помеѓу Тухел и ФА започнале и тие одат во добра насока.

Наводно двете страни би можеле да постигнат договор уште во октомври. Последниот ангажман, Тухел го имаше како тренер на Баерн Минхе од каде што доби отказ кон крајот на минатата сезона.

Покрај Тухел како кандидати за селекторската позиција на Англија се споменуваат Грем Потер и Френк Лампард. Во овој момент привремено „Гордиот Албион“ е предводен од Ли Карсли.