Скандал во семејството на Сон: Татко му тепал дете со корнер знаменце?!

Семејството на корејскиот фудбалер, Сон Хеунг Мин е погодено од голем скандал во кој во центарот на вниманието е таткот она фудбалерот.

Сон Веунг-Јун, таткото на Сон е обвинет за физичко насилство врз младите фудбалери од академијата на Сон. Обвинување освен кон таткото има и кон братот на Кореецот.

Според информациите обвинителството докажало дека таткото и братот на Сон со корнер знаменце тепеле едно дете од академијата и така му нанеле повреди во пределот на мускулите. Детето поради повредите поминало и две недел иво болница.

Семејството категорично ги отфрла сите обвинувања и порачува дека со сите деца во академијата се работи со љубов.