Стоперот на Ливерпул на 33 години објави крај на кариерата

Дефанзивецот на Ливерпул и член на репрезентацијата на Камерун, Жоел Матип става крај на кариерата на 33-годишна возраст.

Ваквата одлука Матип ја донесе по тешката повреда која ја доживеа уште во минатата сезона. Тој се уште е дел од Ливерпул, но сигурно нема да биде во плановите на тренерот Арне Слот, па одлучил дека е време да се збогува со фудбалот.

Во редовите на Ливерпул, Матип пристигна во 2016 година и од тој период одигра вкупно 150 натпревари во Премиер лигата.

Со Ливерпул успеа да ја освои Премиер лигата и Лигата на шампионите, додека за Камерун собра 27 натпревари и постигна еден гол. Кариерата Матип ја започна во вториот тим на Шалке за потоа за клубот од Гелзенкирхен да одигра 200 натпревари.