Арапите бесни на Јокиќ зашто ја избегнал посетата на најголемата џамија во ОАЕ!
Во склоп на целата турнеја беше предвидено кошаркарите на двата тима да ја посетат џамијата Шеик Зајед, која е најголема во Обединетите Арапски Емирати, а е осма по големина во светот. Но, Јокиќ направи потег кој ја разбесни јавноста во ОАЕ, бидејќи ја избегна оваа посета. Тој не се појави со остатокот од тимот, бидејќи реши да го проследи натпреварот од АБА лигата помеѓу неговиот поранешен тим Мега и домаќинот Дубаи.
Исто како Јокиќ, посетата на оваа џамија ја пропуштија и хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ и Словенецот Влатко Чанчар, кои исто така настапуваат за Денвер, кои исто така решија да гледаат регионална кошарка наместо да се појават во џамија.