По шест години, Раул го напушта кормилото на Реал Кастиља

Легендата на шпанскиот фудбал, Раул Гонзалез на крајот од оваа сезона ќе го напушти вториот тим на Реал, Кастиља по шест години поминати на тренерската позиција.

Раководството на клубот веќе го најде и неговиот наследник, тоа ќе биде поранешниот фудбалер на првиот тим Алваро Арбелоа кој во моментов е тренер на младинскиот тим на Реал. Сепак, ова најверојатно нема да значи дефинитивна разделба меѓу Раул и Реал бидејќи шпанските медиуми тврдат дека управата планира да му понуди место во стручниот штаб на Карло Анчелоти.

Раул е во добри односи со италијанскиот стручњак и таа соработка е возможна, особено ако се знае дека многумина го гледаат легендарниот напаѓач како иден тренер на „кралскиот клуб“.