Јунајтед летово платил 20 милиони евра за фудбалер со – сериозен срцев проблем!

Летното засилување за Манчестер јунајтед, Нусар Мазрауи, најмалку во следните два месеци ќе биде надвор од тимот, откако лекарскиот тим му открил ретко срцево заболување.

Според италијанскиот новинар Николо Скира, на Мароканецот му е откриено дека имал аритмија, што всушност било повторување на стар проблем од пред неколку години. Британските медиуми најавуваат дека Мазрауи ќе биде оперира за проблемот да се реши, а по два месеца ќе следат нови прегледи по кои ќе биде донесена одлука дали тој ќе може да се врати на терените. Мароканскиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ дојде пред самиот крај од преодниот рок од редовите на Баерн Минхен, а од стартот на сезоната беше стандардна опција на позицијата десен бек.

Ова е уште еден голем проблем за „ѓаволите“ во однос на летните засилувања, со оглед што во претсезоната сериозно им се повреди Лени Јоро за кого потрошија 60 милиони евра.