Каква пензија: Модриќ има план - сака да игра на Мундијалот во 2026!

Лука Модриќ е еден од фудбалерите кои покажуваат дека навистина годините можат да бидат само бројка. Иако наполни 38 години, хрватскиот ветеран се уште не размислува за пензија.

Според пишувањето на „Марка“, Модриќ смислил план кој ќе му овозможи да игра на Светското првенство во 2026 година кое ќе се одржи во САД.

Неодамна Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една сезона што значи дека во дресот на „кралевите“ ќе игра најмалку до крјаот на 2025 година, сепак тука не завршуваат неговите амбиции.

Целта на Модриќ е да остане во Мадрид до крајот на сезоната 2025/2026 за да биде спремен за уште еден Мундијал со Хрватска.

По елиминацијата на Хрватска од групната фаза на Европското првенство летово се најавуваше дека тука е крајот на репрезентативната кариера на Модриќ, меѓутоа тој нема намера да запре.