Алесандро Матри на 40 години му се врати на фудбалот

Италијанскиот ветеран, Алесандро Матри кој четири години беше без клуб се враќа на терените и тоа во осмиот ранг на италијанскиот фудбал.

Матри кој во кариерата помеѓу останатите клубови играше за Јувентус и Милан сега ќе игра во осмолигашот АСД Графињано. Станува збор кој се натпреварува во осмата лига и беше основан пред 11 години.

Во кариерата Матри зад себе има 344 натпревари во Серија А во кои постигна 92 гола, а успеа да освои три Скудета, два трофеи во Суперкупот и еден Куп на Италија.

Покрај гигантите Јувентус и Милан играше уште за: Лумецане, Римини, Каљари, Фиорентина, Џенова, Лацио, Бреша и Сасуоло каде што го имаше последниот ангажман во 2020 година.

Дресот на италијанската репрезентација го носеше на 26 натпревари.