Синер по брза постапка до пласман во четвртфиналето

Првиот светски рекет Јаник Синер ја почна денешната програма на Мастерсот во Шангај и за 90 минути игра обезбеди пласман меѓу најдобрите осум на турнирот.

Италијанецот беше подобар од Бен Шелтон со 2-0 (6-4, 7-6) во меч во кој оствари само еден брејк, но и тој беше доволен за убедлив триумф. Тој се случи во деветтиот гем од првиот сет, за водство од 5-4, но затоа, тај-брејкот од вториот сет, Синер го доби со 7-1 со што на доминантен начин обезбеди место меѓу осумте најдобри.

Во четвртфиналето, најдобриот светски тенисер ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Циципас и Медведев.