Реал Мадрид сака Модриќ да го замени со негов сонародник?
Во минатото коло тој го постигна и својот прв гол во дресот на Сосиедад и тоа беше прекрасен погодок со удар од далечина во ремито против Атлетико Мадрид (1-1).
Неколку дена по тој натпревар медиумите од Мадрид пренесуваат дека Реал Мадрид го следи Сучиќ и би можел да тргне по неговиот потпис.
Наводно во Реал Мадрид во Сучиќ гледаат потенцијална замена за Лука Модриќ кој веројатно ја игра последната сезона во Мадрид.
Но, договорот кој го има Сучиќ со Реал Сосиедад е со важност до 2029 година, па поради тоа ќе се прашува и баскискиот клуб.