Ангеловски пред Спортинг: Со поддршка од публиката може да победиме!

Македонскиот шампион Пелистер утре го очекува четвртиот натпревар во Лигата на шампионите во кој ќе игра на домашен терен против португалски Спортинг.

Пред овој натпревар тренерот Бранко Ангеловски посочи дека играат против еден силен противник, но верува дека со поддршка од публиката можат до прва победа.

Eкипата на Спортинг во Лигата на шампините импресионира со одлична и тимска игра. Нивната сила не е само во браќата Коста играат одлично и неслучајно имаат три победи во ЛШ и неслучајно лесно го демолираа Веспрем. Но, ова е нов натпревар во кој играме на домашен терен и пред домашна публика и мислам дека таа публика знае да препознат квалитет и дека заедно со наша добра ќе ни помогне да се претставиме во одлично светло и да победиме против еден тежок и разигран противник. Не доаѓа од некоја ракометна земја, но Португалија покажа квалитет на репрезентативно ниво и дел од тие играчи се и тука во Спортинг“.

Од почетокот на сезоната во Лигата на шампионите битолскиот состав нанижа три порази и се уште е без освоен бод.