Бабунски: Сигурно работиме добро штом нѐ гледаат како фаворити

Репрезентацијата на Македонија ја очекуваат две важни гостувања во Лигата на нации, против Летонија и Ерменија на кои ќе се обиде да ја задржи водечката позиција во групата пред финалните дуели, во ноември.

Давид Бабунски е задоволен од досега покажаното, но смета дека нема простор за опуштање и треба максимално ангажирано да се одиграат и следните два меча.

„Сигурно добро работиме штом фудбалскиот свет не гледа како фаворити во оваа група. И покрај тоа, треба да бидеме скромни и да продолжиме да се бориме за оваа шанса, можеби единствена да направиме нешто добро.

Нема да биде лесни, гостуваме, а денес сите репрезентации го развиваат својот фудбал и тактичкото знаење. Немаме многу време да се подготвиме, но ќе анализираме за да ги идентификуваме нивните слаби точки и ние да ги искористиме нашите оружја за да дојдеме со сите шест бода“, изјави фудбалерот на Данди Јунајтед.

Првиот од двата натпревара, Македонија го игра в четврток од 18 часот, против Летонија на Сконто стадионот во Рига.