Меси има порака за Иниеста: Ќе ѝ недостасуваш на топката! (ФОТО)

Андрес Иниеста се збогува со активното играње фудбал, објави крај на кариерата, а порака доби и од Лео Меси со кои заедно пишуваа историја во Барселона.

На инстаграм стори Меси објави порака за Иниеста.

„Андрес, ти беше еден од соиграчите со најмногу магија, еден од оние со кои најмногу уживав да играм. Ќе ѝ недостасуваш на топката, а и на сите нас. Секогаш ти посакувам најдобро, ти си феномен“, напиша Меси.