Ристовски: Ова е под секое ниво на професионален фудбал! (ВИДЕО)
Теренот во Вараждин беше тежок за игра, па Ристовски не штедеше зборови за критика.
„Ова не се три бода, ова се шест бода за нас. Со оглед на тоа каков беше теренот и условите, ова се како шест бода. Ова е под секое ниво на професионален фудбал. Но, најважно е дека победивме“, рече Ристовски.
„По тешките 90 минути со Монако, да дојдеш и да победиш на ваков терен за мене е фасцинантно. Честитки за сите мои соиграчи, тоа што се прилагодивме и покажавме карактер е импресивно“.