Голем удар за Вардар: Хориха ја повреди шутерската рака – ќе мора на операција!

Двојниот европски шампион, екипата на Вардар, се соочува со сериозен проблем пред стартот на настапите во Европската лига, откако денеска беше објавено дека левиот бек, Дмитри Хориха, ќе биде подолго време во аут.

Тој ја скинал тетивата на десната шутерска рака, информација што ја потврди тренерот Владо Недановски.

„Пинто е повреден некое време, а останавме и без Хориха кој има скината тетива на шутерската рака и мораше да оди на операција, така што одредено време ќе бедеме и без него“, изјави Недановски.

Црвено-црните првиот меч во второто по квалитет европско натпреварување ќе го одиграа утре на домашен терен и тоа против исландскиот тим Валур (20.45 часот).