Откако Шчесни потпиша, на Пења му тргна: Во Барса смислиле како ќе ги користат двајцата голмани!

Ињаки Пења за пет дена имаше два натпревари за Барселона во кои не прими гол и се прикажа во одлично издание.

Пења од Осасуна прими дури четири голови, па во Барса веднаш го потпишаа Шчесни, но откако го сторија тоа, Ињаки врза два одлични меча, па сега дилемата е дали тој да продолжи или шанса да добие полскиот голман.

Информациите од Барселона велат дека двајцата голмани ќе бидат ротирани во зависност од натпреварувањето. А последната одлука ќе ја има тренерот Ханси Флик.