Дончиќ со луд кош му ќари 100.000 долари на соиграч! (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ за време на тренинзите и загревањата пред натпреварите многупати покажал дека може да постигнува кошеви од неверојатни позиции и тоа со леснотија, но во неговиот тим уште има такви кои се сомневаат во него.

Младиот центар на Далас, Дерек Лајвли се обложи со Дончиќ во 100.000 долари дека Словенецот нема да даде кош од огромна далечина. Тоа беше шут од речиси преку целиот терен.

Дончиќ со леснотија го даде кошот, па Лајвли на потешкиот начин научи дека не треба да се обложува со Дончиќ.

Од видеото јасно е дека имаше обложување, па некој праша колку загубил Лајвли од Лука за овој шут.

Дончиќ одговори со ретвит, 100.000.