„Играч на 36 години е МВП... сите во Јунајтед треба да се засрамат“

Поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов остро ги искритикува фудбалерите на овој тим по вчерашното реми против Астон Вила во Бирмингем.

За играч на натпреварот беше прогласен ветеранот Џони Еванс кој има 36 години и за некогашниот бугарски репрезентативец тоа е скандалозно.

„Сите што играа на овој меч треба да засрамат кога МВП на натпреварот е 36-годишен фудбалер. Критиките се оправдани затоа што Јунајтед е на 14. позиција што е неверојатно за таков клуб“, рече Бербатов.

Џони Еванс е единствен во актуелниот тим на Јунајтед кој учествуваше во освојувањето на последната титула на овој клуб во Премиер лигата, во 2013 година кога за екипата од Олд Трафорд настапуваше и Бербатов. По заминувањето во 2015, Еванс играше за ВБА и Лестер, но се врати лани и го дава максимумот иако е на залезот на кариерата.