Медведев го крена гласот: АТП ги фаворизира Алкараз и Синер

Рускиот тенисер Данил Медведев се побуни против топчињата со кои се игра АТП Мастерсот во Шангај и посочи дека со нив се фаовиризираат најдобрите двајца светски тенисери во моментов.

Во дуелот против Арналди, тој славеше со 2-1, но имаше многу проблеми за што зборуваше и на прес-конференцијата по мечот.

„Мислам дека овие топчиња одат во корист на играчи кои имаат силен удар од „мртви“ позиции. Тоа се двајца тенисери кои се веќе најдобри во светот и би биле најдобри и без оваа помош. Со ваквите топчиња тие можат да создадат неверојатна моќ, тоа се Јаник и Карлос“, рече малку луто Медведев.

И покрај наводната помош што ја имаат, Синер со многу проблеми го помина Ечевери во третото коло од Мастерсот во Шангај, додека Ачлараз не загуби сет во првите два меча во кои играше со нискорангирани кинески тенисери.