Погба живее со „минималец“ во Јувентус за време на суспензијата!

Францускиот фудбалер Пол Погба беше суспендиран на четири години поради позитивен допинг тест, меѓутоа Судот за спортска арбитража (ЦАС) му ја намали казната на само 18 месеци, па така тој ќе може да се врати на фудбалските натпревари од март 2025 година.

Јувентус сакаше да му го прекине договорот на Погба, но потоа се премисли, а медиумите откриваат дека тоа е најверојатно затоа што Французинот земал минимална плата од страна на калчолигашот.

Откако добил суспензија, Погба почнал да заработува „минималец“, односно плата од само 2.000 евра неделно, но со враќањето на теренот се очекува неговата плата да биде вратена како пред казната.

Погба ќе заработува 10 милиони евра годишно од „Старата дама“ до крајот на неговиот договор, односно 2026 година, освен ако калчолигашот не реши претходно да се ослободи од неговите услуги.