Последна сезона на Салах на Енфилд, ПСЖ веќе го подготвува договорот

Египетскиот репрезентативец Мохамед Салах многу веројатно ја игра последната сезона во дресот на Ливерпул, а во неа стартуваше фантастично - со шест гола и пет асистенции во воведните девет меча во сите натпреварувања.

Се погласно се зборува дека идното лето тој ќе биде новата ѕвезда на ПСЖ бидејќи актуелниот договор со Ливерпул му истекува, а нема најава за преговори за продолжување на соработката. Францускиот шампион сака да му понуди тригодишен договор и во најлош случај ќе ја израмни платата што ја добива Салах, а која изнесува 18 милиони фунти годишно.

Салах во меѓувреме имаше примамливи понуди од Саудиска Арабија, но не ги прифати и одлучи да остане во Премиер лигата. ПСЖ, пак, заврте нов лист и од ѕвезден тим во минатото, остана без ниеден суперстар откако и Килијан Мбапе одлучи да го напушти клубот и да се пресели во Реал.