Уште едно херојско искачување на доктор Кедев - „падна“ и Шишапангма!

Кардиологот и пасиониран алпинист, Сашко Кедев, денеска имаше уште едно историско искачување, откако заедно со уште десетмина колеги го освои врвот Шишапангма, кој е висок 8.027 метри и целосно се наоѓа во Тибет.

Станува збор за 14. највисок врв на светот, па на докторот му остануваат само уште два повисоки од 8.000 метри за да има „рецка“ од сите врвови над оваа магична гра

Кедев годинава ги искачи уште и Макалу, Лоце и Гашербрум 2, па му остануваат само уште Кангченѕунга (8.586 метри) и Гашербрум 1 (8.068) за да го комплетира подвигот за кој сонуваат илјадници светски планинари.