Ал Ахли подобар од Барселона во мечот за бронза на Светското клупско првенство

Ракометарите на Ал Ахли триумфираа против Барселона со 32-29 во борбата за трето место на Светското клупско првенство.

Барселона беше очајна на теренот и во првото полувреме губеше во еден момент со 8-16, по што успеа да намали на 15-18 пред паузата.

Во вториот дел се водеше голема битка на теренот, но Ал Ахли го одбрани водството од првото полувреме и славеше со 32-29.

Мохсен Рамадан постигна седум голови кај Ал Ахли, додека Јанц запиша шест погодоци за Барселона.