Ибрахимовиќ за роденден се почести со ново Ферари (ФОТО)

Поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ денеска полни 43 години, а за роденден реши да си купи нов скап автомобил.

Ибрахимовиќ на социјалните мрежи се пофали дека во иднина ја збогатува неговата колекција со црно Ферари.

Швеѓанецот во 2023 година ја заврши кариерата во дресот на Милан, а во моментов работи во калчолигашот како специјален советник на сопствениците.