Миовски по лошо ќе го памети дебито во ЛШ, Жирона загуби од Феенорд! (ВИДЕО)

Бојан Миовски е еден од трагичарите на Жирона, македонскиот фудбалер промаши пенал во својот прв натпревар во Лигата на шампионите, Феенорд го доби мечот со 3-2.

Македонскиот напаѓач доби шанса од првата минута, беше стартер, но Миовски никако да ги искористи минутите кои ги добива, а денеска ја имаше најголемата шанса.

Мечот почна одлично за Жирона, со гол на Лопез во 19. минута поведоа со 1-0, но предноста траеше само четири минути, тогаш Ерера си постигна автогол за 1-1.

Во 33. минута Миламбо даде гол за комплетен пресврт и водство на Феенорд од 2-1, а три минути подоцна холандскиот тим не реализираше пенал за 3-1., Уеда го промаши ударот од белата точка.

Течеше 65. минута кога Миовски беше фаулиран од голманот на Феенорд, судијата покажа на белата точка. Македонецот ја презема одговорноста и го изведе пеналот, за жал голманот го одбрани неговиот удар.


 

Во 74. минута Жирона успеа да изедначи преку Ван де Бек, Холанѓанецот погоди за 2-2.

Следната минута Миовски го напушти теренот, на негово место влезе Стуани.

Четири минути подоцна, Жирона си постигна уште еден автогол, Крејчи овојпат си ја затресе мрежата за победа на Феенорд од 3-2.

Аталанта беше убедлива како гостин кај Шахтар кој мечот го играше во Гелзенкирхен.

Џимшити и Лукман погодија во првото полувреме, Беланова стрелаше прецизно на почетокот од вториот дел.