„Гробари“ го навредуваа, Станојевиќ излезе најголем господин
„Гробари“ го нарекоа предавник затоа што одби да се потпише на иницијативата „Апел за спас на Партизан“, па по поразот од Звезда му викаа дека го продал клубот и брутално го навредуваа. Станојевиќ, сепак, покажа дека е господин и тоа во моментите кога Партизан се наоѓа во можеби најтешка ситуација во своето постоење.
Иако клубот требаше да му исплати дел од парите од договорот, 50-годишниот стручњак одлучи да се откаже од сите побарувања. Неговата годишна плата изнесуваше 700 илјади евра.