Манчестер сити за замената на Родри ќе плати 80 милиони евра

Англискиот гигант Манчестер сити во јануари планира да ангажира замена за Родри, кој се здоби со тешка повреда на дербито против Арсенал и го чека пауза до крајот на сезоната.

На листата со желби на премиерлигашот се наоѓа фудбалерот на Интер, Николо Барела кој чини околу 80 милиони евра.

Тренерот Пеп Гвардиола наводно би бил задоволен со ангажман на Барела, иако претходно кажа дека не постои фудбалер кој може да го замени Родри.

„Граѓаните“ се наоѓаат на второто место во Премиерлигата со 14 бодови, односно еден помалку од Ливерпул.