Спектакл во Пекинг: Синер закажа финале против Алкараз

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласира во финалето на турнирот во Пекинг, каде што ќе ја брани титулата против Карлос Алкараз.

Синер во полуфиналето беше подобар од Кинезот Бу Јунчаокетесо 6-3 и 7-6, па во финалето ќе се бори против Алкараз кој претходно славеше со 2-0 во сетови против Данил Медведев.

Ова ќе биде десетта пресметка на овие двајца тенисери, а Алкараз е подобар во меѓусебните дуели со 5-4 во победи.