Шампионот на колена во Скопје: Вардар го доби дербито против Пелистер (ФОТО)
Почетокот беше израмнет, но не му требаше долго на Вардар за да избега на три голови предност (6-3). Пелистер беше лош во нападот, а тоа го користеше скопскиот гигант за да стигне и до 15-10 пред крајот на првото полувреме.
Големата борба продолжи и во второто полувреме, а Пелистер постојано се обидуваше да ја намали негативата против „црвено-црните“ и конечно тоа им успеа во 44. минута кога битолчани стигнаа до 20-21.
Вардар ги поправи грешките во нападот во продолжение од средбата и набрзо се врати на плус четири (25-21), а на крајот триумфира со 27-24.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Марко Срдановиќ со осум голови, додека Филип Кузмановски постигна исто толку за гостинскиот тим.