Ништо од борба за трофеј, Ѓорческа поразена во полуфиналето на турнирот во Србија

Најдобрата македонска тенисерка со загуби со 2-1 од Србинката Лола Радивојевиќ во полуфиналето од фјучрс В75 турнирот во Куршумлијска Бања, Србија.

Мечот траеше нешто повеќе од два часа, почна со голема борба за првиот сет кој го доби Србинката во тајбрејк со 7-2.

Ѓорческа успеа да се врати, го доби вториот сет со 6-3 и изедначи на 1-1. Но, македонската тенисерка беше тотално немоќна во третиот решавачки сет, го загуби без освоен гем, беше 6-0 за Радивојевиќ која ќе игра во утрешното финале.