Гвардиола го прифати предизвикот од Арсенал: Сакате војна? Ќе ја имате!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се надоврза на зборовите на дефанзивецот на Арсенал, Габриел по меѓусебното дерби одиграно минатата недела.

Бразилецот рече дека сите натпревари против Сити се војна и нормални се провокациите меѓу фудбалерите на двете екипи, со оглед на тоа што станува збор за ривали за шампионската титула.

„Понекогаш емоциите ескалираат, тоа Габриел прекрасно го објасни. Тоа е војна, треба да го испровоцираш противникот, да го притиснеш. Ако ме провоцирате, добро, тука сум. Сакате војна? Ќе ја имате! Јасно ми е каков предизвик ни направи Арсенал. Во Англија сме најомразен клуб, сите сакаат да не победат и го чувствуваме тоа“, рече Гвардиола.

Денеска Сити го очекува тешко гостување кај Њукасл во дуел на кој нема да може да смета на двајцата можеби најкреативни играчи во тимот Родри и Де Брујне.