Голманот на Звезда пак се повреди, тренерот се изнервира: Уште воз да го удреше...

Тукушто се врати во тимот, голманот на Црвена Звезда, Омри Глазер повторно се повреди и најверојатно го очекува долга пауза, можеби до крајот на годината.

Израелецот киксираше во 63. минута од синоќешниот натпревар против Железничар на домашен терен по што Звезда прими гол, но тој остана да лежи на тревата. Докторите му укажаа помош, но Глазер мораше да го напушти теренот и на негово место влезе вториот голман Марко Илиќ. Тренерот на Звезда, Владан Милојевиќ беше многу нервозен поради таа ситуација.

„Така е кога не се почитуваат договорите. Треба да му биде извршена магнетна резонанца, но не е добро она што го видовме и личи дека повредата е иста како она што ја имаше. Фалеше уште воз да го удри“, изјави Милојевиќ.

Денеска ќе се знае каква е состојбата со Глазер, но речиси сигурно тој нема да брани против Интер, во второто коло од Лигата на шампионите.