Утринска бомба во НБА: Њујорк и Минесота направија спектакуларна трампа

Шокантен трејд се случи утрово во НБА откако Минесота и Њујорк договорија трејд во кој е вклучен еден од најдобрите играчи на Вулфс, Карл Ентони Таунс.

Репрезентативецот на Доминиканска Република продолжува во Никс, а Минесота за него ги доби Џулиус Рендл и Донте Дивиченцо, плус пик во првата рунда на драфтот кој е префрлен од Детроит. Интересно е тоа што двете екипи си разменија едни од најдобрите играчи бидејќи Таунс го имаше тој статус во Минесота неколку години, а Рендл кај Њујорк иако минатата сезона му се придружија Бриџис и Брансон.

Сепак, не беше тајна дека Вулфс долго време сака да го трејдува Таунс, а Рендл беше во војна со стручниот штаб. Колатерална штета е Дивиченцо кој беше миленик на публиката, но Њујорк мораше да го вклучи размената за да се израмнат понудите.