Самарџиев по лошиот старт во АБА2: Мора да извлечеме поука од овој пораз!

Екипата на Работнички лошо ја почна сезоната во АБА2, откако синоќа убедливо загуби во пресметката на домашен терен против Ситјеска (58-71).

Центарци дури може и да бидат задоволни од крајниот исход, со оглед што противникот во еден момент имаше и плус 26 поени разлика.

„Сутјеска заслужено победи, ние не бевме на висината на задачата. Одигравме само една добра четвртина добра, но тоа е недоволно за да му парираме на овој искусен тим на Сутјеска. Се виде дека паднавме по излегувањето на Јовичиќ, нашиот втор плејмејкер не одговори соодветно. Ни направија разлика и потоа беше тешко да се вратиме. Се виде дека момците во последната четвртина, кога натпреварот веже беше изгубен, како да се опуштија и да почнаа да играат како што знаат. Се гледа дека ни фали искуство, дека сме еден млад тим и дека пред се сме физички инфериорни, што во АБА2 лигата прави разлика. Ќе гледаме да се подобриме во следните натпревари и да извлечеме поука од овој пораз“, изјави тренерот Горан Самарџиев.

Следниот предизвик за црвено-белите од Градски парк е гостувањето кај фаворизираната Војводина, закажано за 8 октомври.