Потфрлија ли повторно судиите во Премиер лигата? (ВИДЕО)

Eкипата на Челси е пред победа против Вест Хем, но во овој натпревар видовме и една спорна ситуација во првиот дел.

Весли Фофана не успеа како што треба да го следи Самервил кој влезе во опасната зона, но пред голот на Роберто Санчез дефанзивецот на Челси го повлече, но судијата одмавна со рацете.

Се чекаше и повик за проверка од ВАР собата, но судијата не ја прегледа снимката. Не помина долго време за да следат коментари на социјалните мрежи како судиите на Островот повторно потфрлиле.