Анчелоти: Фудбалерите ќе прифатат помали плати за да играат помалку

Густиот распоред во сезоната често пати е тема помеѓу фудбалерите во последно време, а Луис Фиго даде изјава во која порача дека ако сакаат фудбалерите да имаат помалку натпревари, мораат да прифатат и помали плати (ТУКА). Сега на оваа тема се огласи и Карло Анчелоти.

Италијанскиот стратег има предлог и истакна дека фудбалерите би се согласиле на помалку натпревари.

Одредени фудбалери кои се носители и на играта на Реал Мадрид во сезоната може да одиграат и 70 натпревари, според Анчелоти тоа е премногу.

„Ќе го повторам тоа што веќе го кажав. Фудбалот мора да забави, погледнете што се случува, се игра премногу. Играчите мораат да играат помалку за да избегнат повреди, нема да имаат проблем ако им се намалат и платите“, изјави Анчелоти.