Раја е мајстор за бранење пенали, одбранил четири од последните осум шута! (ФОТО)

Голманот на Арсенал, Давид Раја вчера беше човек на одлука за топчиите, поради неговите неверојатни интервенции лондонскиот тим остана непоразен на гостувањето кај Аталанта.

Раја му одбрани пенал на Ретеги и тоа не е случајно, статистиката вика дека тој во последно време го брани секој втор пенал.

Од последните осум шута Раја одбранил дури четири пенали.