Ужас: Кошаркар на ТФТ претепан од навивачи на прекинатиот меч со Чаир 2030 (ВИДЕО)
На социјалните мрежи вечерва се појави видео на кое се гледа нападот врз капитенот на ТФТ, Едис Нури, кој истовремено е удиран од неколку лица кои од трибините се спуштија на работ од теренот во салата СРЦ „Кале“. Вербалниот дел од кавгата заврши брзо, по што неколкумина со тупаници брутално удираа по кошаркарот, се додека тој не беше заштитен од останатите.
Тренерите на двата тима цело време се обидуваа да ја смират ситуацијата, која брзо и непотребно ескалира. Инцидентот својот епилог ќе го има во полиција по информациите од ТФТ дека нападот веднаш бил пријавен во МВР, а сцените ќе бидат запаметени како темна страна на македонската кошарка, бидејќи надвор од сите цивизилирани норми е спортист да биде тепан од навивачи, без разлика кој кого и како провоцирал.