Миљана Рељиќ седма на најновата Олимписка ранг листа
Како што вели нејзиниот тренeр Александар Ефтимов сега почнува процесот на собирање поени за Олимписка А норма за следните Олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година.
„За две до три недели почнуваме со настапот на Г1 турнирите, а во декември сме дел од Големото Гранд При Финале во Кина, најголемо натпреварување по Олимписките Игри. Тука се освојуваат многу поени за олимписката ранг листа. По краткиот одмор, вратени сме во тренажен процес и се надевам дека повторно ќе ја израдуваме македонската јавност со нови успеси“, изјави Ефтимов.
Рељиќ во овој момент важи за најсериозна кандидатка од македонските спортисти за обезбедување „А“ норма. Ќе потсетиме, таа на последни таа во Париз ја победи Британката Џејд Џонс, меѓутоа во следната рунда беше елиминирана.