Енур Тотре ја напушти Ворскла и се пресели во Турција

Во самиот финиш од преодниот рок во Турција, Енур Тотре потпиша за второлигашот Сакаријаспор каде што пристигнува од украинската Ворскла Полтава.

Минатата сезона Тотре настапуваше како позајмен фудбалер во Шкендија, а и откако стана јасно дека и во оваа не е во плановите на Ворскла побара нова средина.

27-годишниот Тотрево кариерата настапуваше и за албанска Тирана, успеа да запише и три настапи за сениорската репрезентација на Македонија.

Во последната сезона за Шкендија одигра 31 натпревари и постигна пет гола.